Безос нуди две милијарди долари за да се врати во трката за Месечината

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, понуди да ги покрие трошоците на НАСА во износ од 2 милијарди долари, така што американската вселенска агенција може да ја преиспита можноста за потпишување договор со него за изградба на возило за слетување на Месечината.

Loading...

Во април, НАСА го додели договорот на Илон Маск и неговата компанија Спејс Икс, и ја одби понудата на Блу Ориџин на Безос.

 

 

Договорот предвидува изградба на систем за слетување кој би носел астронаути на површината на Месечината најрано во 2024 година, пренесува Би-Би-Си.

Иако се очекуваше дека две компании можат да учествуваат во проектот, Агенцијата, поради недостаток на средства, може да додели договор на само една.

НАСА доби само 850 милиони долари од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот за да изгради возило за да слета на Месечината.

Loading...

 

 

Во писмото до администраторот на агенцијата Бил Нелсон, Безос рече дека Блу Ориџин ќе го покрие недостатокот на буџетско финансирање со откажување од сите плаќања во тековните и следните две владини фискални години во износ од 2 милијарди долари, бидејќи програмата беше вратена „на прав пат“.

Тој прецизираше дека понудата не подразбира доцнење, туку целосно и трајно одрекување од плаќања.

Leave a Reply