„Безбедно дома и на улица“ – превентивна активност на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот освет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово, почнувајќи од месец февруари во континуитет работи на превентивни активности со деца од градинките на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ Куманово.

Loading...

По едукативниот дел, со поголема група дечиња од предучилишна возраст на тема „Безбедно дома и на улица“, во текот на месец мај секојдневно продолживме со практично запознавање и безбедно движење заедно со униформирани полициски службеници. Воедно, сите деца беа во посета на СВР Куманово, каде имаа можност да се дружат со полициски службеници и да се запознаат со основните средства за работа на полицијата, важни и интересни за децата. Со ваквите активности имаме за цел од мали нозе да се гради сообраќајна култура и свест, а пред се градење на доверба на младите во работа на полицијата -Полицијата во служба на граѓаните.

Како завршен настан на 27.05.2022 година ќе се оддржи мини велосипедска трка секој клон посебно и на ниво на сите градинки .

За потребите на оваа активност за секое дете учесник се обезбедени 500 чаши со дизајниран мотив од областа на сообраќајот, 200 флуоресцентни елечиња за работа надвор од градинка со деца, како и соодветни награди за мини велосипедска трка.