Без вода три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три локации во Куманово денеска се привремено без вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Прекини има во месноста Гладно поле поради приклучок на водоводна мрежа, а од иста причина без вода се и корисниците од улицата 315 бр. 1 во населбата Ајдучка чешма.

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода се корисниците од улицата „203“ во населбата Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Во меѓувреме вршат и сетирање на мерна секторска опрема на водоводна мрежа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме