Без вода повеќе улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку улици во Куманово денеска ќе останат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска ќе има на улиците „Тоде Думба“, „Тодор Велков“, „Божидар Мицковиќ“, „Козјачка“ (сектор Варта).

Прекини ќе има и во населбата Железничка станица и селото Черкези.

Поради дефект без вода денеска ќе биде и ОСТУ „Наце Буѓони“.

Прекини ќе има и кај корисниците од булеварот „Трета МУБ“ (сектор Јулија, Херби), како и на улицата „11 Октомври“ бр. 78.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски