Без вода повеќе улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска привремено ќе останат без вода поради дефекти или интервенции во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците: „Никола Тесла“ бр. 53, улица „202“ во населбата Карпош, „Ѓ.П.Стари“, „Стефан Филиповиќ“, „Борис Кидрич“, улица „413“ бр. 21 во населбата Иго Тричковиќ, „Франц Розман“, како и улицата „210“ во населбата Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце