Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се корисниците од улица „1“ бр. 10 во населбата Карпош, улицата „Х.Т. Карпош“, „Борис Кидрич“ бр. 47, „Б.Б. Гуцман“.

Прекини има и во селото Черкези, улицата „110“ во населбата Карпош и улица „Тонко Димков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“.

Во меѓувреме се врши теренска контрола на челичен водоводен вод Ф406 (Ф219) од ПС Расадник-Бедиње до Филтер станица.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски