Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи прекини ќе има кај кориснциите од улиците „Иво Лола Рибар“ бр. 63, „Боро Прцан“ бр. 19, населбата Средорек и улица „Огњен Прица“.

Во меѓувреме екипа на ЈП „Водовод“ ќе врши сервисирање на фонтана за вода за пиење покрај станбено-деловен комплекс СУМА.

Дел од м.в. Гладно поле  ќе остане без вода поради приклучување на два објекти на водоводна мрежа.

ЈП „Водовод“ ќе врши и утовар и одвоз на вишок земја од ископ на ров за поправка на дефект на водоводна мрежа, лоцирање на заасфалтирани канализациони шахти со детектор за феромагнетни легури на улицата „Страшко Симонов“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Со геолокатор пак ќе се врши испитување на водоводна мрежа на улицата „Трајко Прокопиев“.

Никола Ивановски