Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово во текот на денешниот ден ќе бидат без вода, поради дефекти во дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улицата „16“ во населбата Јане Сандански, село Черкези и населбата Железничка стнаица, улица „Егејска Македонија“, м.в. Стара кланица, како и улиците „Васко Карангеловски“ и улица „1„ во населбата Јане Сандански.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply