Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Веселин Маслеша“, м.в. Стари лозја, ул. „Лесковачка“ бр. 4, „Драгојло Диндиќ“ бр. 33, ул. „17“ бр. 3 во населбата Карпош, „Биљановска“, „Пионерска“, како и дел од булеварот „Октомвриска Револуција“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Не можам да платам, не сакам да платам“ - нова претстава на Театар Куманово