Без вода пет локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода во текот на денот ќе бидат повеќе локации низ кумановско.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Веселин Вуевски“, „Др. Рибар“, „Бајрам Шабани“, „Правда Спасовска“ и населбата Средорек.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Во текот на денот, екипите на „Водовод“ ќе имаат и интервенции на канализациона мрежа, и тоа на следните локации: „Бајрам Шабани“, „Франц Розман“ и улица „40“, во населбата Карпош.

Паралелно со тоа ќе се одвива и реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа, и тоа на улиците „Димитар Влахов“, „Панче Пешев“ и „Никола Тесла“.

Вчера во населбата Бедиње на главен вод вработенит од „Водовод“ интервенирале од 06:40 до 14:00 часот кога дефектот бил саниран. Сепак, како што стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, за половина час во 14:30 часот повторно пукнала цевка на главниот вод и екипите интервенирале повторно за остранување на дефект и засега водоснабдување се одвива нормално.

– На ул.Никола Тесла исто така на главен вод пукнала цевка, каде интервенирале од 15:00 до 19:00 часот при што дефектот е остранет.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply