Без вода пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улиците „Ленинова“, „Тоде Мендол“ бр. 11, „Јоско Илиевски“ бр. 22, како и улица „315“ во населбата Ајдучка чешма.

Прекини ќе има и кај корисниците од улицата „120“ во населбата Карпош поради сервисирање на водоводни затворачи и корегирање на метални капи од водоводни затворачи до кота на терен.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците запленија 6.800 евра на ГП Табановце (ФОТО)

Никола Ивановски