Без вода неколку улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода денеска ќе бидат улиците: „Борис Кидрич“, „Киро Фетак“, „Карл Маркс“,  „Димитар Влахов“ и улицата „Перо Илиевски“, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на денот се очекува нормализирање на водоснабдувањето, а екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ веќе се излезени на терен.