Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на мрежата.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улица „413“ бр. 17 во населбата Иго Тричковиќ поради дефект на приклучок на водоводна мрежа.

Во истата населба, поради поправка на затворач на водоводна мрежа, прекини ќе има на улицата „438“.

Поради дефекти водоснабдувањето денеска ќе биде во прекин и на улицата „Анѓа Ранковиќ“ и во населбата Средорек.

И корисниците од улицата „Гоце Делчев“ ќе бидат привремено без вода поради поправка на водоводна инсталација за Олимписка фонтана.

Во меѓувреме, ЈП „Водовод“ ќе врши проверка, периодично сервисирање и корекција на регулатори на притисок на водоводен вод за висока зона.

Никола Ивановски