Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации денеска во Куманово привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има кај корисниците од улицата „400“ во населбата Иго Тричковиќ.

Прекини има и на улицата „Иво Лола Рибар“ каде се врши испитување на водоводна и канализациона мрежа со опрема за детекција на дефекти, како и дотрпување на ископ за поправка на дефект на водоводна мрежа изведен вчера.

Без вода привремено ќе бидат и корисниците од улиците „Перо Чичо“, „Среќко Пужаљка“ и „Кирил и Методиј“ поради ископ на ров за поправка на дефекти на водоводна мрежа претходно лоцирани со опрема за детекција на дефекти на водоводна мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  46-годишен кумановец пријавен за исчезнат

Привремено без вода денеска се и корисниците од улицата „Студена вода“ и м.в. Пармакови ниви.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски