Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се привремено без вода поради интервенции или дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има кај корисниците од улиците „„Никола Спасиќ“, улицата „438“ во населбата Иго Тричковиќ, населбата Железничка станица (сектор Силоси), улица „11 Октомври“ бр. 66.

На улицата „Панчевачка“ има прекин поради испитување на водоводна мрежа со опрема за детекција на дефекти на водоводна мрежа.

Прекини има и во село Долно Којнаре на улица „1“.

Во меѓувреме се врши прецизно трасирање на челичен водоводен вод од пумпна станица Расадник во Бедиње до филтер станица и испитување на водоводна мрежа.

Никола Ивановски