Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово се привремено без вода поради дефекти или интервенции на дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини со водоснабдување има кај корисниците од улиците „Тоде Думба“, „Вера Которка“, „Трајко Јовановски“, како и улицата „326“ во населбата Ајдучка чешма.

Паралелно со отстранување на дефектите, екипите на ЈП „Водовод“ работат и на монтажа на опрема за мониторинг на водоводна мрежа на повеќе локации.

Никола Ивановски