Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска има кај корисниците од улиците „Борис Кидрич“ бр. 66, „Никола Тесла“, „Јоско Илиевски“, „Никола Карев“ и улица „Првапетолетка“, како и улицата „725“ бр. 14 (м.в. Гладно Поле).

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски


ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Табановце приведен скопјанец, кај него пронајдени над илјада различни видови монети (ФОТО)