Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има кај корисниците од улиците „Тоде Мендол“ – „Благој Илиев Гуне“, „Ристовац„ бр.9,  „Биљановска“ бб, и населбата Средорек.

Во меѓувреме се вршат и проверки по главниот вод.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Mалолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли, полицијата го привела