Неколку локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради интервенции на водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улицата „Иво Лола Рибар“ бр. 110 и улицата „Ѓорче Петров“ бб (стар дел на Гладно поле), каде се врши поделба на приклучок во водомерна шахта.
Додека пак во населбата Железничка станица прекини ќе има поради сервисирање на затворач во водоводна шахта.
Никола Ивановски