Четири локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи поради дефект без вода привремено е улицата „Моша Пијаде“ број 180.
Поради реконструкција на водоводни приклучоци, водоснабдувањето е во прекин на крак од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ (бр. 95 и околни објекти).
Прекини има и на улицата „Киро Фетак“ каде се врши приклучување на објекти на новоизградена водоводна мрежа.
Додека поради изнесување на земја и шут од ископ на ров за санирање на дефект на водоводна мрежа прекини во водоснабдувањето има на илицата „Панче Пешев“ и село Черкези.
Никола Ивановски