Без струја, вода, хотели и кампови: Најдобрата дестинација за 2021 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Туристичкиот гигант Скајскенер препорача осум дестинации што ќе бидат хит во 2021 година.

Loading...

На врвот на листата се наоѓаат Абролхосовите острови во западна Австралија.

Годината со која се збогувавме ќе остане во нашето сеќавање како една од оние во кои останавме желни да патуваме.

Поради пандемијата на коронавирусот, мал е бројот на оние кои патувале надвор од земјата на одмор и строгите карантински мерки ги десеткуваа можностите на туристите од целиот свет да истражуваат нови дестинации и да уживаат во недопрената природа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Geraldton (@visitgeraldton)

Овој архипелаг не само што е малку познат како уникатно место за годишни одмори, и затоа е недоволно посетен, туку овозможува и целосно ново искуство.

Имено, на островите нема хотел, ниту легален камп во кој би можеле да престојуваат туристи, но затоа тие се идеални за уживање во пливање, нуркање, риболов и фотографирање диви животни.

Loading...

Галапагос на Индискиот океан, како што се нарекуваат 122 острови на архипелагот Абролос од Скаисканер, беше прогласен за национален парк во јули 2019 година.

Иако е убав, за жал не можат сите да го посетат. Резервиран е за луѓе кои имаат „длабок џеб“, бидејќи до овој архипелаг може да се стигне само со јахти или туристички бродови од Џералдтон, Калбари или Донгара.

На островите нема вода за пиење и струја, но властите „гледаат низ прсти“ кон туристите ако одлучат да ја поминат ноќта на плажа, под шаторот што го донеле и поставиле сами.

Leave a Reply