Без струја утре повеќе делови на кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на кумановско утре ќе останат без електрично напојување, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 04:00 до 07:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населбата Бедиње, Индустриска Зона, улица „Индустриска“, улица „Божидар Мицковиќ“, Козјак Бетоњера.

Прекини во истиот период ќе има и кај корисниците од улиците „Доне Божинов“, „Фетка Наскова“, „Никола Вапцаров“, „Црнотравска“,, како и населбите Средорек, Горно и Долно Којнаре.

Без струја ќе останат и повеќе села во кумановско – липковскиот регион, и тоа: Сопот, Четирце, Карабичане, Ваксинце, Лојане, Опае, Лопате, Ропаљце, Љубодраг, Ново село, Умин Дол, Лукаре,  Стрима, Матејче, Липковска Брана и Граничен Премин Табановце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

Во билтенот на РЦУК, овие прекини се означени како планирани дефекти.

 Никола Ивановски