Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации низ Куманово и околината денеска и утре ќе бидат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 09:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Моша Пијаде“, Детската градинка, Спортска сала и дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (бавчи спроти спортка сала покрај кеј).

Прекини се најавени и за утре, кога во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од руралните средини, односно селата Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање и Кокошиње.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски