Без струја денеска и утре повеќе делови од Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија привремено денеска и утре ќе бидат корисници од повеќе локации во Куманово и околината.

Loading...

Денеска од 08:00 до 14:00 часот без напојување ќе бидат компаниите „Исрка“, „Кентауер“, „Метал Нет“, „Сокара Кватро“, Ладилник“ и населбата Бедиње.

Во период  од 09:10 до 11:00 часот прекини во снабдување со електричната енергија ќе има во фабриката „ФЗЦ“.

Без струја од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Моша Пијаде“, „Браќа Миладиновци“ и „Светозар Марковиќ“.

Утре од 09:45 до 14:00 часот прекини ќе има во селата од Старо Нагоричане, и тоа: село Пелинце, Граничен премин Пелинце, како и селата Челопек, Алгуња, Муталово, Четирце, Поранешно лозарство во селото Табановце, Карабичане, Никуљане, Коинце и Враготурце.

Во Куманово утре прекини во период од 08:00 до 14:00 часот ќе има во компаниите од Индустриската зона во село Доброшане, вклучително и прочистителната станица.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...