Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска и утре во различни периоди од денот ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците кои живеат на улиците „Тонко Димков“, „КЈ Питу“ и „Ацо Борозански“.

Во период од 12:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат улиците „Браќа Миладиновци“, „Среќко Пужаљка“, Театар Куманово, ООУ „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“

Во текот на утрешниот ден прекин во период од 08:00 до 14:30 часот ќе има на улиците „Иво

Лола Рибар“, „Питу Гули“, дел од булеварот „Октомвриска Револуција“ згради околу – „Стакло Пан“, како и локацијата Ореов лад.

Во периодот од 12:15 до 13:45 часот без електрична енергија ќе биде компанијата ФЗЦ.

Од 12:00 до 14:30ч часот прекини се најавени за улиците „Моша Пијаде“, „Магдалена Антова“, „Вера Которка“, „Перо Чичо“, „Никола Карев“, „Светозар Марковиќ“, „Б. С. Гојчо“, „Живко Чало“.

Во периодот од 08:50 до 12:00 часот без напојување ќе останат корисниците од „Југо Фер“ и Расадник – Бедиње.

Loading...

Никола Ивановски