Неколку локации низ Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалнит центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 12:00 часот прекини ќе има во објектот „Славејче“ на Детската градинка „Ангел Шајче“.
Во истиот период без напојување со електрична енергија ќе останати корисниците од улицата „Страшко Симонов“, но и околината на зелен пазар.
Прекини утре во период од 08:00 до 13:00 часот ќе има кај корисниците од улиците „Вараждинска“ и „Горно Милановачка“.
Утре пак во период од 07:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат жителите на кумановските села Вак’в, Винце и Студена бара.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски