Без сомнение, часот на раѓање ја одредува вашата судбината! Проверете што тоа значи за вас!

Сподели со своите пријатели

Некои од нашите постапки, ставови и расположенија подобро ќе ги размереме ако ја знаеме нумеричката вибрација на часот на нашето раѓање.

Loading...

Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или доцна во ноќта …Како што секој ден од месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час од денот има одредена астролошка фреквенција, што во голема мера влијае врз осцилациите на нашиот биоенергетски импулс.

Секој час има своја астролошка вредност, денот е поделен на шест временски единици од по 4 часа и секој од нив ја диктира биоенергијата на една личност и ги открива карактерните црти на една личност во зависност од времето на раѓање.

 

 

Од полноќ до 4 часот наутро

Луѓето родени од полноќ до четири наутро имаат сонувачки дух, голема имагинација и чувствителност. Понекогаш имаат проблеми со кои се соочуваат во реалноста и им се верни на своите идеали, кои не ги менуваат од детството. Тие често се двоумат помеѓу своите цели, што ги прави немирни. Тие сакаат да го пренесуваат знаењето и искуството на другите.

Loading...

Од 4 до 8 часот наутро

Луѓето родени помеѓу четири и осум часот наутро се упорни во сè што прават. Тие се практикувачи во реалниот живот и тешко е да ги изненадите – како да се подготвени однапред за сите тешкотии во животот. Тие имаат голема желба да го постигнат она за што сонуваат другите и вложуваат многу труд во тоа. Обично се многу интелигентни, но тоа не им носи голема материјална корист.

Од 8 часот наутро до пладне

Луѓето родени помеѓу осум часот наутро и напладне ги радуваат сите околу нив со своето присуство. Тие се амбициозни и имаат големи шанси да успеат во бизнисот, а во приватниот живот се големи оптимисти . Тие сакаат да филозофираат за суштината на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.

 

 

Од пладне до 16 час

Loading...

Жив дух, љубопитна природа и многу енергија најдобро ги опишуваат родените помеѓу пладне и 16 часот. Тие се создадени за да бидат наставници, математичари и одлични говорници. Во меѓучовечките односи, тие се склони кон конфликти, но за нив, животот без повремена драма би бил премногу досаден.

Од 16 до 20 часот

Луѓето родени помеѓу 16 и 20 часот се со немирен дух кој постојано ги води во нови предизвици и непознати ситуации. Тие се социјални бунтовници, а нивната енергија е вистински подарок. Сепак, последицата може да биде склоност кон вознемиреност и нервоза. Иако делуваат брзоплето тие скоро секогаш имаат план, затоа нема потреба да се грижат за нивната иднина.

Од 20 часот до полноќ

Луѓето родени помеѓу 20 часот и полноќ се природни лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Тие се полни со самодоверба и тешко  се поколебаат, а најмногу страдаат ако другите го повредат нивното его. Тие се специфични по тоа што  поминуваат извесно време во текот на денот сами, со цел да соберат мисли и да соберат енергија за да се дружат со другите.

Leave a Reply