Без примени вакцини – нема упис во прво одделение

Сподели со своите пријатели

На старот на запишување на првачиња во новата учебна година, на ниво на Македонија се очекува да се запишат нови 20 000 првачиња. Според законските одредби, покрај обавезниот извод од книга на родени, родителите ќе треба да поднесат и  потврда од матичен лекар за уредна имунизација.

Loading...

Capture

Според Министерството за образование и наука,  ако некое од децата заради одлука на родителите не примило задолжителна вакцина, нема да се запише во прво одделение. Во прилог на одлуката, битно да се спомене е дека според чл.47 од Законот за основно образование стои дека ако родителот навреме не го запише детето, истиот ќе плати казна во висина од 200 евра.

Според Министерството за здравство, во Македонија години наназад е забележан висок опфат за имунизација со сите вакцини, со позитвни резултати.

Последниот случај на дифтерија е регистриран во 1976 година. Нема податоци за регистрирани случаи на постпородилен тетанус уште од 1993 година. Последниот случај на полиомиелитис е регистриран во 1987 година. Во јуни 2002 година, Република Македонија заедно со останатите држави од европскиот регион доби сертификат како земја ослободена од полио (poliofreecountry).

Како што јавува Институтот за јавно здравје, во септември почнува имунизација на децата во детските диспанзери со петто и шесто поливалентни вакцини.


Leave a Reply