Без китење елка во Охридското Езеро, нуркачите од под вода посакаа среќна Нова 2021 година

Сподели со своите пријатели

Коронавирусот ја прекина и веќе воспоставената традиција на новогодишно китење елка во водите на Охридското Езеро.

Loading...

Оваа година поради ситуацијата наметната со коронавирусот нуркачите од Клубот за подводни активности – Охрид и Нуркачкиот клуб „Амфора“ со малку видоизменета агенда посакаа среќна Нова 2021 година.

Поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца, тие нуркаа на три различни локации кај Заливот на Коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на тој начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година.

Честитката ја упатија посебно и на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите.

Александар Бачиќ, Охрид

Leave a Reply