Без инциденти тече гласањето во Куманово

Сподели со своите пријатели

Гласањето во Куманово се одвива мирно и без инциденти, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Засега нема нарушување на изборниот молк ниту гласачкиот процес, а надлежните се надеваат дека таквата состојба ќе се задржи и до 21 часот кога ќе се затворат избирачките места во државата.

Инаку до 13 часот во Општина Куманово, која има најголем број избирачи во избирачкиот список, своето право на глас го оствариле 22 отсто од граѓаните.

Никола Ивановски

Leave a Reply