Беким Азири е нов член на Советот на Општина Куманово, чиј мандат беше верифициран денеска на 58мата седница.
Азири доаѓа од Демократската унијза интеграција (ДУИ) на местото кое остана испразнето, откако на изминатата седница оставка си поднесе советникот Фатмир Идризи кој ќе стане директор на хидроцентралата Треска.
– Го разгледавме уверението за Бетим Азири од Демократска унија за интеграција ДУИ издадено од Општинската изборна комисија и утврдивме дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за неговиот избор. Верификационата комисија му предлага на Советот да го усвои овој извештај и да изврши верификација на овој мандат. Пред да се стори тоа му посакувам успешна работа, добро здравје и ефикасно работење во Советот, изјави Миле Андоновски претседател на верификационата комисија при советот.
Членовите на советот едногласно ја изгласаа верификацијата на мандатот на Азири, кој потоа положи и свечена заклетва.
Никола Ивановски