Бесплатниот превоз во Куманово продолжен до крајот на октомври

Сподели со своите пријатели

До крајот на октомври граѓаните на Куманово ќе можат да користат бесплатен автобуски превоз, откако Советот на Општината вчера изгласа продолжување на оваа мерка.

Loading...

Со донесување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од страна на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните четири месеци од 2024 година, стои во образложението на одлуката предложена од Општина Куманово.

Граѓаните претходно позитивно ја оценија ваквата одлука велејќи дека им носи заштеди во домашниот буџет кој и онака од месец за месец не е доволен да ги покрие и основните потреби.

Освен економски бенефит за граѓаните, мерката има и други позитивни ефекти велат од општината, како што е намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје со што би се намалило и загадувањето на животната средина.

За десет месеци субвенционирање на оваа мерка општината од Буџетот издвои 50 милиони денари.

Никола Ивановски