Бесплатни коктели за кумановци направени од најдобрите македонски бармени

Сподели со своите пријатели

Деветтото по ред издание на Вигор Бармен Куп, најстаро и најголемо коктел натпреварување во Македонија, ќе се одржи утре, на 4 октомври, во кафе-барот Министерство, во Куманово.

Loading...

Учесниците ќе се натпреваруваат во категоријата „класика“, а жири во кое членуваат еминентни коктел стручњаци и шампиони од Хрватска внимателно ќе ги следат нивните техники на подготовка, и ќе ги оценуваат коктелите. Освен начинот на подготовка, жирито ќе ги оценува и бојата, вкусот и мирисот на секој коктел, што дополнително го прави натпреварувањето своевиден коктел-предизвик. Моментален шампион во „класика“ е Васил Пеевски од Скопје, победник на ланскиот Вигор Бармен Куп кој се одржа во хотел Александар Парк во Виница.

Натпреварот започнува во 9 часот наутро со полуфиналето во кои претходно селектирана група на едни од најдобрите македонски бармени ќе ги покаже своите таленти, а финалето ќе се одржи во 15 часот. Интересно за публиката, покрај тоа што ќе бидат забавувани од Сашко Коцев, е тоа што сите коктели кои ќе се направат за време на натпреварот може да бидат бесплатно дегустирани. Задолжен за музичкиот дел од настанот е диџеј Матс.

Ова е деветто издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.