Бесплатен џоинт, ваучери… Како властите и компаниите во светот ги мотивираат луѓето за вакцина?

Сподели со своите пријатели

Бесплатен џоинт, ваучери, наставни програми. Различни методи се користат низ светот за да се мотивираат луѓето да се вакцинираат. Скептицизмот во врска со вакцинацијата е традиција.

Loading...

Во САД, кампањата за вакцинација напредува со забрзано темпо. Скоро 50 проценти од Американците веќе ја примиле првата доза на вакцина. И 38 проценти и втората доза.

 

 

На почетокот на оваа година имаше проблеми со набавката на вакцината, но состојбата во американските центри за вакцинација во меѓувреме е целосно променета.

Сега понудата на вакцини е поголема од побарувачката. Се повеќе се случува достапните вакцини да не можат да се користат затоа што нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат. И затоа активисти, власти и компании веќе некое време се обидуваат да ги мотивираат луѓето да дојдат на вакцинација – дури и со невообичаени постапки.

 

Loading...

 

Властите во Охајо организираат лотарија секоја недела – граѓаните кои се вакцинираат секоја недела можат да освојат милион долари. Во Њујорк на крајот на април, секое лице кое ја примило првата доза на вакцината имало право на бесплатен џоинт.

Мејн се обиде да ги „убеди“ луѓето да се вакцинираат со дистрибуција на бесплатни дозволи за лов, а пред неколку дена акција на градот Њу Орлеанс го привлече вниманието на медиумите – за секоја инјектирана доза на вакцина, граѓаните добиваа половина килограм школки.

Leave a Reply