Бесмртността нè чека во 2050. година?

Сподели со своите пријатели

Судејќи според водечкито футоролог др. Илјар Пирсон можноста да станеме бесмртни може да ја очекуваме до 2050. година.

Loading...

Во новиот извештај за напредокот на технологијата, др. Пирсон твди дека сите оние кои се родени по 1970. година, благодарение на брзиот развој на новите технологии, имаат шанса да живеат засекогаш.

Тој истакнува дека шансата за тоа најверојатно првин ќе ја имаат богатите и познатите, а останати ќе мора да почекаме до 2060. или 2070. година за да си го дозволиме тоа.

– Поголемиот дел од средната класа ќе биде во можност да си ја дозволи бесмртноста до 2060. година, вели др. Пирсон.

Овој експерт смета дека можноста да живееме засекогаш ќе ни донесе напредок во генетичкиот инжинеринг и компјутерските симулации.

Тој смета дека во иднина ќе биде можно да се „обноват“ одредени делови од телото, како и декаќе постои можност свеста да се префрли во виртуелниот свет како Матркис.

– Пред да ни се пружи можноста своето тело да го поправиме или подмладиме како и да посакаме, ќе можеме да ги поврземе своите мисли со машините толку добро, што всушност ќе имаме чувство како да живееме во облак, смета др. Пирсон.

Футурологот нагласува дека подмалдувањето на телото е одлична опција затоа што никој не сака да живее вечно во 95. година, но ако има можност да го подмлади своето тело и да има 30, можеби тоа ќе го сака.

Loading...

Пирсон смета дека во иднина нема да имаме меѓусебна интеркација каква што ја познаваме денес, а во некои случаи нема да ја има воопшто.

Наместо тоа, ќе изјамуваме андроин партнери кои ќе ни помагаат во се. Слично како во филмот „Аватар“, ќе можеме да ја „сместиме“ својата свест во андроид тело.

– Ако сакате да ја минете вечерта во Австралија, да ја посетите Операта, за тоа ќе можете да го употребите андроидот, смета тој.

Др. Пирсон оди и чекор понатмау и тврди дека за триесетина години роботите толку ќе бидат развиени и „човечки“ што нема да ни бидат потребни партнери.

И, иако звучи дека тоа ќе можат да си го дозволат само богатите, футурологот смета дека до 2060. или 2070. година семејствата кои имаат средна заработка ќе може да си купат бесмрност и се останато што технолошкиот напредок го носи.

Leave a Reply