Бесими очекува четири отсто раст наредната година и Буџет што ќе го поддржи економското закрепнување

Сподели со своите пријатели

Раст од четири отсто догодина согласно основното сценарио изработено од Министерството за финансии, очекува министерот за финансии Фатмир Бесими. Буџетот наредната година ќе биде за заздравување, изработен на среднорочна рамка, а на среден рок ќе се работи на фискална консолидација.

Loading...

-Буџет кој ќе го поддржи економското закрепнување. Тој ќе даде и натамошна поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето на нашите граѓани, лекови, вакцини, здравствениот персонал, капацитетите внатре во здравството. Мерки за социјалните категори и мерки за економијата и за задржување на работните места. Се предвидува во текот на наредната година да почнеме да се фокусираме колку што е можно во однос на политиките што ќе поддржат инвестиции за конкуретност, ќе поддржат подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи и одржлив раст и забрзување, истакна министерот во дебата на телевизија 24.

Тој посочи дека предлог-буџетот за 2021 ќе има среднорочна рамка и ја истакна потребата од среднорочно планирање за да се направат структурни промени во буџетот и наместо за 2,6 отсто просечен раст, како што беше во изминативе 10 години, да се зборува за повисоки стапки од пет отсто годишен раст.

Фискална консолидација, оцени Бесими, може да се изврши на среден рок, но не може да се очекува следната година дека ќе се дојде со предлог-буџет со дефицит помал од три отсто. Ова е пракса за скоро сите земји низ светот во време на криза.

Бесими истакна дека сите земји во светот ги прошируваат своите дефицити, па дури и земјите кои досега функционирале со висок суфицит во буџетот – како Норвешка, а сега проектираат буџетски дефицит.

Закрепнувањето, според министерот за финании, догодина ќе зависи и од тоа дали ќе има нов бран на здравствена криза и согласно тоа има три сценарија кои се очекуваат – основно, песимистичко и оптимистичко. Согласно позитивните сценарија се очекува да нема нови бранови на криза догодина туку да има економско опоравување.

Во однос на намаување на бројот на вработените во администрацијата што е најавено во програмата на Владата, нема да се случи во една година, но тој број ќе се намалува со пензионирање, со политики како што е онаа за одење во пензија на сите над 64 години, но ќе има и институции каде ќе има вработувања, каде што ќе се појави потреба, како што се инспекторатите со сегашните надлежности и кои ќе треба да се предвидат во Буџетот за 2021 година.

Сузи Котева-Стоименова

Loading...

Leave a Reply