Бешикташ не е заинтересиран за Фелаини

Сподели со своите пријатели

Бешикташ нема интерес да го привлече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Ова го изјави портпаролот на турскиот тим, Чандаш Толга.

Во последниве месеци медиумите во Турција и Велика Британија постојано тврдат дека 30-годишниот Белгиец ќе ја продолжи кариерата во Истанбул, откако за неговиот потпис се борат Бешикташ и Галатасарај.

Откажувањето од Фелаини од страна на Бешикташ го става Галатасарај во одлична позиција да го привлече високиот играч, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од јуни.

Во моментов Фелаини се опоравува од повредата на коленото, а најверојатно ќе отсуствува од теренот до крајот на март. /МИА


Leave a Reply