Берзите во хаос по вестите за прекин на развојот на вакцина за Ковид-19

Сподели со своите пријатели

На Волстрит во вторникот, берзанските индекси паднаа, бидејќи инвеститорите беа разочарани од веста за ќор-сокак во развојот на вакцината против коронавирусот и затоа што беа срушени надежите за политички договор за нови мерки за фискален стимул, пред претседателските избори во САД.

Loading...

Доу ЏОнс ослабе 157 поени, или 0,55 проценти, на 28.679 поени, додека S&P 500 падна за 0,63 проценти, на 3.511 поени, а индексот Насдак падна за 0,10 проценти, на 11.863 поени.

Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ објави, имено, дека привремено го прекинува клиничкото испитување на вакцината против „Ковид-19“ откако на еден од учесниците во студијата му се слошило.

Цената на акциите на компанијата падна за 2,3 проценти.

Акциите на „ Eli Lili & ko“ паднаа за 2,9 проценти откако компанијата објави дека ги прекина тестовите на антитела против коронавирусот поради безбедносни причини.

– Веста за доцнењето во развојот на вакцините се совпадна со понатамошниот раст на бројот на пациенти со коронавирус, што предизвика нервоза на пазарот – вели Роберт Павлик, стратег на компанијата СлејСтаунВелт.

Покрај тоа, се намалија надежите на инвеститорите дека Конгресот и Белата куќа ќе постигнат договор за нов пакет фискална помош за економијата во борбата против корона кризата.

Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом, рече дека демократите нема да го прифатат предлогот на Белата куќа за пакетот стимулации вреден 1.800 милијарди долари, бидејќи таа сума е многу помала од потребната во оваа пандемија и длабока рецесија.

Loading...

Мич Меконел, лидерот на мнозинството во Сенатот, рече дека Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, во понеделник ќе гласа за насочениот пакет стимулации.

– Вашингтон игра со пазарните емоции и финансиската судбина на поединците. Додека трае тоа, пазарот не обрнува внимание на секоја изјава затоа што верува дека ќе бидат преземени мерки за поттик пред или по изборите – вели Павлик.

Сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите беше отворена вчера.

JPMorgan и Citigroup објавија подобри резултати отколку што се очекуваше, но цените на нивните акции значително паднаа.

По големиот пад на заработката на компанијата во вториот квартал, сличен исход се очекува и во третиот, иако падот на заработката треба да биде значително помал.

Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 19,5 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период минатата година.

Цените на акциите паднаа и вчера на европските берзи.

Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,53 проценти, на 5.969 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,91 процент, на 13.018 поени, а парискиот CAC падна за 0,64 проценти, на 4.947 поени.

Loading...

Leave a Reply