Берзата во Москва падна за 33 отсто

Сподели со своите пријатели

Вредноста на руските акции падна катастрофално во четвртокот, а вредноста на руската рубља достигна рекордно ниско ниво во четвртокот попладне откако руската војска изврши напад врз Украина, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Инвазијата на Украина речиси сигурно ќе предизвика нов бран санкции чија цел е да се изолираат Владимир Путин и тесниот круг на неговите најблиски соработници, како и руската економија, која е целосно зависна од извозот на фосилни горива.

 

ШОКАНТНА СНИМКА: Руски војници им даваат цигари на кравави и заврзани заробеници (ВИДЕО)

 

Откако утрото почна нападот врз Украина, Московската берза првично го прекина тргувањето со акциите, но по завршувањето на паузата, акциите почнаа слободно да паѓаат.

Индексот на Московската берза MOEX падна за 45 отсто пред благо да закрепне попладнето и да ја намали загубата на 33 отсто, додека индексот РТС – изразен во долари – го заврши денот со загуба од 39 отсто. Падот на берзата на крајот ја намали вредноста на најголемите руски компании за околу 70 милијарди долари.

Руските банки и нафтени компании го поминаа најлошото. Акциите на Сбербанк, најголемата руска банка, загубија 43 отсто од својата вредност. Нафтениот гигант Роснефт, во кој британската БП држи 19,75 отсто од акциите, загуби 43 отсто од вредноста, а акциите на самиот БП паднаа за 4,6 отсто на лондонската берза. Гаспром, кој се занимава со извоз на гас и стои зад проектот Северен тек 2, падна за 35 отсто.

Loading...

 

Се урна руски воен авион – нема преживеани!

 

За барем малку да го ублажи колапсот, руската централна банка издаде соопштение во 11 часот по локално време со кое им наредува на брокерите да го прекинат краткорочното тргување со акции во кое трговците заработуваат пари со пад на цените на акциите, т.н. кратки продажби, поради, како што го нарекоа „тековните состојби на финансискиот пазар“ и за „заштита на правата и легитимните интереси на инвеститорите“.

Истовремено, руската рубља падна на 88 рубљи за долар, или 8 отсто пониско од девизниот курс во средата, откако во еден момент достигна рекордно ниско ниво од 89,6 рубљи за долар.

Централната банка најави интервенција на пазарот на пари за да се спречи падот на вредноста на рубљата и други мерки за обезбедување ликвидност во банкарскиот сектор.

„Ваквата емотивна реакција беше неизбежна, но работите ќе се стабилизираат“, изјави владиниот портпарол Дмитриј Песков за странските новинари. Ги презедовме сите неопходни мерки“, додаде Песков.

 

Loading...

Нови експлозии одекнуваат во Киев (ВИДЕО)

 

САД, ЕУ, Велика Британија и нивните сојузници најавија нови санкции кон Русија претходно оваа недела, откако Москва најави распоредување војници во две самопрогласени сепаратистички републики во источна Украина. Реагираше и Германија и го стопираше проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави во четвртокот дека Европската унија ќе воведе „целосен пакет санкции“ против Русија, додавајќи дека светот мора „одлучно да одговори“ бидејќи ако не го стори тоа ризикува „да плати уште повисока цена“.

Балтичките земји – Литванија, Естонија и Летонија – предложија отстранување на Русија од системот SWIFT што го користат банките ширум светот за меѓународни плаќања.

Во овој систем има 11.000 банки од 200 земји и територии. Истиот предлог може да се слушне подоцна во четвртокот попладне на дебатата за украинската криза во британскиот парламент.

 

Протести ширум Русија и покрај забраната од полицијата: Приведени 850 лица (ВИДЕО)

Loading...

 

„Целата меѓународна заедница мора силно да ја осуди руската агресија и да воведе најстроги можни санкции како одговор на таквите бесрамни дејствија, вклучително и исклучувањето на руските банки од СВИФТ“, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Литванија, Латвија и Естонија.

Здружението за управување со SWIFT (Друштво за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации) издаде соопштение во кое се наведува дека е „неутрално глобално кооперативно“ друштво и дека секоја одлука за воведување санкции на држави или поединечни правни лица мора да биде донесена исклучиво од надлежните органи, поединечни влади и нивните законодавци“.

Исклучувањето на Русија од SWIFT може да го намали рускиот БДП за околу 5 отсто, тврдеше поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин пред осум години, кога на Запад се разговараше за таква драстична мерка по руската анексија на Крим во 2014 година.