Берлин праќа нов пакет помош за Киев: Вреди дури 400 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Германија најави дополнителна воена поддршка за Украина во износ од 400 милиони евра, но во новиот пакет не се вклучени крстосувачките ракети „Таурус“ за уништување бункери, кои владата во Киев итно ги побара од официјален Берлин.

Loading...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави дека новата воена помош за Украина вклучува муниција, оклопни возила и обука за илјадници војници, како и топла зимска облека и опрема за чистење мини, се вели во извештајот на дневниот весник „Билд“, а оваа информација е потврдена за Блумберг и во Министерството за одбрана на Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Германија не донела одлука дали ќе испрати ракети во Украина

Германија сè уште нема донесено одлука дали да испрати проектили со долг дострел Таурус во Украина, бидејќи треба да анализира „многу политички, правни, воени и технички аспекти“, изјави Писториус за Билд.

Меѓу другите фактори, владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц мора да утврди дали проектилите, кои би можеле да помогнат во пробивањето на руските одбранбени позиции, може да се користат без поддршка од германски војници, пишува Билд.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.