Берлин: Киев самостојно да одлучи за преговорите со Русија

Сподели со своите пријатели

Германската влада сѐ уште смета дека властите во Киев треба самостојно да одлучат кога ќе почнат мировните преговори со Русија, изјави на денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на владата во Берлин, Кристијана Хофман.

Loading...

„Знаеме за различни позиции по тоа прашање, но ставот на германската влада не е променет. Сметаме дека Украина треба самостојно да одлучи кога и под кои околности ќе ги започне мировните преговори со Русија“, рече Хофман.

Таа го изјави ова како одговор на прашањето дали германската влада е запознаена со сугестијата што американскиот претседател Џозеф Бајден му ја дал на украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде отворен за можност за преговори со Русија, пренесува ТАС С.

Портпаролката на германската влада истакна дека официјален Берлин гледа оти Украина начелно е подготвена да преговара.

„Ние самите сме во постојан контакт со руската страна, канцеларката е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, а имаме контакти и на други нивоа. Сепак, на руската страна ѝ недостига волја за преговори. Таква е моменталната ситуација“, заклучи Хофман.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.