Бербок: Во моментов нема шанси за преговори со Русија

Сподели со своите пријатели

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, смета дека во моментов нема шанси за преговори со Русија.

Loading...

„Што може да се преговара со некој кој не е ни подготвен да се договори со Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарни коридори кои би овозможиле евакуација на цивили?“ –  праша Бурбок во изјава за магазинот „Стерн“.

Таа ги отфрли барањата за итен прекин на огнот и почеток на преговорите.

„Какво право би имал германски министер да одлучува за Украина кој дел од земјата треба да биде предаден и колку милиони граѓани да останат под руска власт?“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е тактичко нуклеарно оружје со кое Русија им се заканува на Украина и НАТО сојузниците?

Бербок рече дека никој не може да предвиди дали односот на силите во руската влада ќе се промени.

Според неа, Путин ја жртвува сопствената земја и прашање е колку долго тоа ќе трае.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.