Бербок: Оружјето за Украина е дел од германската сигурност

Сподели со своите пријатели

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, смета дека испораката на оружје во Украина е важен придонес за отфрлање на сомнежите за меѓународната сигурност на Германија.

Loading...

„Германија ќе продолжи интензивно да ја поддржува Украина, вклучително и со оружје“, рече Бербок денеска на форумот за надворешна политика на Фондацијата Корбер во Берлин.

Таа посочи дека Германија не доставува оружје во Украина само за да спаси човечки животи, туку со овие испораки, се надева, ќе ја зголеми довербата и солидарноста.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.