Бензините од ноќеска на полноќ по нови цени

Сподели со своите пријатели

Бензините поевтинуваат за 2 денари по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ литар ЕУРОДИЗЕЛ БС 95 ќе се продава за 60,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 62,5 денари по литар.
Новата цена на ЕУРОДЗИЗЕЛОТ ќе изнесува 46.5 денари за еден литар.

За 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена ќе изнесува 35 денари за литар.

Овие цени ќе важат во следните две недели.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.