Белорускиот парламент ќе нема опозиција

Сподели со своите пријатели

Парламентот во Белорусија нема да има пратеници од опозицијата, покажуваат прелиминарните резултати од изборите.

Loading...

Сите 110 места ги освоија поранешните државни службеници, дипломати и членови на провладини партии.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ соопшти дека изборите не ги исполниле демократските стандарди.

Следната година се претседателските избори, на кои Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, има намера да се кандидира повторно.

Leave a Reply