Белоруски терминатор: На 64 години крева 290 килограми

Сподели со своите пријатели

Михаел има 64 години, форма на врвен атлетичар а од неоадамна уште еднаш станал татко. Тој дефинитивно не е само просечен стар господин.

Loading...

Белорусинот Михаел, кој веќе длабоко е зачекорен во своите шеесетти години, е активен кревач на тегови и се` уште учествува во натпреварувања од истиот тип. Тој е сопственик на неколку светски рекорди во кревање на тегови.

Михаел за себе вели дека е најсилниот човек во светот во категоријата на своето време, а неговата сопруга неодамна му роди уште едно дете, пренесува English Russia.

Неговата теретана не изгледа како кој знае што, но Михаел вели дека тоа нема врска со неговата форма и дека тоа не влијае на неговите перформанси.

3

Огледалата во својата теретана ги донел од Германија, каде служел како советски војник пред 30 години. Поголемиот дел од опремата во теретаната ја изработил сам или во тоа му помогнале другите. Тој за загревање се „поигрува“ со тег од 110 килограми.

Во т.н. „deadlift“, Михаел може да подигне неверојатни 300 килограми или повеќе, а во 2013 година победил на „WPA Powerlifting“ натпреварување во категорија ветерани. Рекордот до тогаш бил 245 килограми, а тој почнал со 250 па стигнал до 280 килограми.

Тогаш го провоцирал млад натпреварувач, кој не успеал до подигне 292 килограми, па овој челичен Белорусин му објаснил каок се прави тоа со 290 килограми.

Loading...

4

Кога еднаш новинар го прашал што му треба сето тоа во негови години, Михаел рекол дека тоа му дава чувство како да стои над сите, односно дека чувствува моќ.

На 59 години тој повторно станал татко, а денес и своите деца ги вежба во теретаната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.