Белорусија воведе зголемена контрола на надворешните граници

Сподели со своите пријатели

Во Белорусија на сила е високо ниво на подготвеност против можен напад од Запад, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Астана.

Loading...

Поради можната ескалација на конфликтот на западните граници, започна распоредувањето на сојузничките сили, кои главно се состојат од припадници на армиите на Белорусија и Руската Федерација, изјави Лукашенко.

Белорускиот претседател на 10 октомври изјави дека командата на НАТО и некои европски земји ја разгледуваат можноста за напад на Белорусија, што може да доведе до нуклеарен конфликт.