Белорусија распоредува воени сили како одговор на можни терористички акции

Сподели со своите пријатели

Белорусија планира да премести воена опрема и безбедносни сили како одговор на можни терористички акции, соопшти Советот за безбедност на Белорусија.

Loading...

Во соопштението се наведува дека поради планираните воени вежби, сообраќајот ќе биде забавен на некои делници и патишта, пренесе Ројтерс.

Не е соопштено во кои делови од земјата ќе се одржуваат воените вежби.

Украина предупредува дека Русија и Белорусија планираат нов упад на руската армија преку украинско-белоруската граница и поради тоа во последните недели во Белорусија се одржуваат воени вежби.

Непријателските единици се обучуваат на полигоните на Република Белорусија за да продолжат со руските напади од територијата на Белорусија“, се наведува меѓу другото во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Минатата недела рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараше со својот белоруски колега Виктор Хренин за воената соработка.