Белгиските разузнавачи загрижени поради радикализацијата на малолетниците

Сподели со своите пријатели

Во Белгија расте десничарскиот и антивладиниот екстремизам, особено кај многу млади луѓе, се заклучува во извештајот на белгиската државна безбедност до кој пристап имале весниците „Ле Соар“ и „Кнак“.

Loading...

Во својот последен разузнавачки извештај за 2021 и 2022 година, цивилната домашна безбедност за првпат известува за „загрижувачката радикализација на повеќе млади луѓе“ во однос на екстремната десница.

„Графички стил и содржина, омраза и отворено насилни објави на различни платформи на социјалните медиуми, како што е Телеграм, има некои сличности со глорификацијата на насилството од страна на Исламската држава пред неколку години“, се вели во извештајот цитиран од медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската економија ги надмина очекувањата: Во првите три месеци порасна за 0,7 отсто

Се додава дека „во некои случаи тоа биле малолетници кои проповедаат омраза и насилство преку екрани, со радикални нацистички и антисемитски ставови“.

Во други случаи, токму младите се заканувале дека ќе прибегнат на насилство.

Генералниот администратор Франциска Бостин во интервју за овие два весника прецизира дека тоа важи и за младите од 14-15 години.

„Го видовме тоа за време на периодот на Ковид-19: многу млади луѓе беа дома, изолирани, одеа на немодерирани форуми и имаа пристап до доста радикален дискурс. Дискурс кој интегрира и репродуцира. Во многу случаи навистина зборуваме за малолетници“, вели Бостин. Таа додаде дека оваа појава не важи само за Белгија, туку и за другите земји во Европа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  9 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис