Белата куќа внимателно ги следи дејствијата што ги презема Белорусија и е подготвена да воведе нови санкции врз земјата поради информациите дека белоруските сили би можеле да и се придружат на Русија во нејзината инвазија на Украина, изјави висок претставник на администрацијата, пренесува Си-Ен-Ен.
„Ние ги следиме овие настани многу внимателно“, рече претставникот на прашањето за разузнавачките извештаи кои покажуваат дека Белорусија е подготвена да се приклучи на руската инвазија.
Тој додаде дека претходно кажале дека и тие ќе се соочат со последиците, доколку Белорусија продолжува да ја помага и поддржува руската агресија во Украина.
– Веќе воведовме дел од овие мерки. Тие трошоци и понатаму ќе бидат многу поголеми – велат тие.